Сопруг на колешка го прободел со нож лекарот од Клиниката за токсикологија

Доктор од Клиниката за токсикологија вчера вечер, околу 19.30 часот е прободен со нож. Како што дознаваме од наши извори, лекарот го познавал напаѓачот и на полицијата како лице кое го избодело со нож и го посочил сопругот на негова колешка. Најверојатно се работи за лична пресметка меѓу напаѓачот и повредениот. Лекарот бил нападнат пред ќебапчилница на булеварот “Мајка Тереза“ во Скопје и во моментов е надвор од животна опасност.

Од МВР официјално потврдуваа дека кај нив настанот бил пријавен вчера околу 19:50, од Ургентниот центар во Скопје. Полицијата напаѓачот, за сега го води како непознато лице. Според полициските информации, повредениот е Н.З. (48) од село Слупчане.

Напаѓачот му пришол од зад грб на повредениот лекар, прободел со остар предмет, по што побегнал, а полицијата ги презема сите мерки за откривање на неговиот идентитет, велат од МВР.

Повредениот лекар е хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија и не е во животна опасност.

Д-р Нико Беќаровски, директор на Клиниката за токсикологија, изјави дека настанот се случил околу 19.30 кога нивниот колега доаѓал на работа, бидејќи дежурството му почнувало во 20 часот.

„Од непознато лице колегата е прободен на влезот во Клинички. Тој требаше да биде дежурен ноќта и смената му почнуваше од 20 часот. Според информациите што ги имаме тој е надвор од животна опасност“, вели Беќароски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *