СООПШТЕНИЕ НА МВР ВО ВРСКА СО ШПЕКУЛАЦИИТЕ КОИ ДЕНОВИВЕ СЕ ШИРАТ ВО ЈАВНОСТА 

СООПШТЕНИЕ НА МВР ВО ВРСКА СО ШПЕКУЛАЦИИТЕ КОИ ДЕНОВИВЕ СЕ ШИРАТ ВО ЈАВНОСТА 

Во врска со шпекулациите кои се шират во јавноста, а за наводно постоење на киднапери кои киднапираат поради препродажба на човечки органи, Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира истите и ги отфрла како целосно неточни.
Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла шпекулациите за постоењето на киднапери. Во Министерството за внатрешни работи досега не се пријавени, ниту случаи на киднапирање поради органи, ниту се вистинити наводите дека досега на исчезнати жртви им недостигале органи. Министерството за внатрешни работи за последните случаи на исчезнување, кои што се целосно расчистени, јасно и недвосмислено соопшти дека се работи за класични случаи на самоубиство. Неосновани се и дезинформациите дека има пораст во бројот на исчезнати лица. Како што е соопштено и во текот на вчерашниот ден – статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата и дека во континуитет во последниве 5 години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94%. Статистичките податоци од 2014 заклучно со 2018 покажуваат дека од 2008 пријавени случаи за исчезнати лица, пронајдени се 1876 лица. Дополнително, на веб страницата на Министерството за внатрешни работи може да се проверат сите податоци и сите актуелни случаи на исчезнати лица.
МВР ги повикува граѓаните да не потпаѓаат не шпекулации со кои се шири паника и страв.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *