Сообраќајна несреќа помеѓу автобус и автомобил на магистралниот пат Штип – Кочани

17.XI.2017 kamenica.mk

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што попладнево во 17.50 часот се случи на магистралниот пат А3 Кочани – Штип, кај село Облешево.

Како што дознава МИА, во сообраќајната несреќа учествувале автобус и патничко возило.

Големата брзина према условите на патот, поради намалената видливост, како и лошите услови на патот поради обилните врнежи и лизгавиот коловоз се едни од најчестите причини поради кои настануваат ваквите несреќи.

Повредените лица се пренесени во Медицинскиот центар Кочани. Сообраќајот на магистралниот пат А3 Кочани – Штип кај село Облешево се пренасочува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *