Сообраќајна несреќа на 7 автомобили, над 15 повредени

31. Јануари 2018 каменица.мк

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 19:00 часот на магистралниот пат Радовиш – Струмица. Во сообраќајката учествувале 7 автомобили од кои едно товарно возило. Во сообраќајната незгода, која според очевидци е предизвикана од возило марка BMW, нема мртви, но има 15 повредени лица и епричинета значителна материјална штета кај возилата.

Екипите на МВР се на терен. Ќе продолжиме со следно известување веднаш по добивањето на нови информации од терен.
Ова е трета поголема сообраќајна несреќа на патиштата во Источна Македонија во оваа измината недела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *