Сообраќајна незгода кај Чардаклија

Објавено на: 12/7/21 2:00 PM

Сообраќајна незгода на излезот од Штип кај Чардаклија

 

 

Една патничка е пренесена во Клиничката болница во Штип, со повреди кои настанале во сообраќајната незгода во која учествувале две патнички возила.

 

 

-Жената е на преглед кај хирург, по што ќе знаеме повеќе за повредите, соопштија од Клиничката болница во Штип.

Според штипската полиција, незгодата била пријавена кај нив во 12:04 минути, по што е изелезено на терен.

 

 

-Незгодата се случила меѓу две патнички возила кои се движеле во спротивен правец  на излезот од Штип, на патот Штип – Кочани кај Чардаклија. Увидни екипи се на терен, соопштуваат од СВР Штип.

Засега возилата наизменично се пропуштаат.

Извор: ММС.МК

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *