Сообраќајка на влезот во Македонска Каменица

Поради сообраќајна несреќа помеѓу две возила во прекин беше сообраќајот на магистралата А3 на влезот во Македонска Каменица.

Увид на местото на настанот извршиле екипи на сообраќајната полиција од каде информираат дека несреќата е резултат на судир помеѓу две возила кои се движеле во спротивен правец.

Според информациите до кои дојде телевизија Сител нема повредени лица во сообраќајната несреќа.

Повеќе информации од полицијата најавија во текот на вечерта.

Извор: ТВ Сител

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *