Сообраќајка во центарот на Македонска Каменица. Возило слета врз кров од објект

Македонска Каменица, 05.08.2020 година – Денес, околу 16:20 часот во центарот на Македонска Каменица се случи сообраќајна несреќа која предизвикала значителна материјална штета. Патничко возило уништило дел од отворен простор на угостителски објект, соборило столб од системот за улично осветлување и слетало врз кров од друг објект.

Неофицијално, сообраќајката е предизвикана од возач на патничко моторно возило марка “Фолксваген” кое се движело на патниот правец Делчево – Македонска Каменица.

Прочитај повеќе: Силен ветар урна кров на зграда во Делчево

Како можни причини кои довеле до излетување на возилото од патот, најверојатно се: влажниот коловоз и можноста од неприлагодена брзина на возилото.

На местото на настанот пристигна и полициска екипа од Полициското одделение во Македонска Каменица и МВР Делчево, кои најавија дополнителни информации за причините и останатите детали за несреќата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *