Вчера во 15.30 часот на улица ,,Тодосија Паунов,, во Кочани се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило “Цитроен” со кочански регистарски ознаки управувано од В.Р.(49) од село Облешево и мотоцикл “Јамаха” управуван од 17 годишен возач.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот и по укажаната лекарска помош во Здравствен дом Кочани е препратен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.