Сончево со температури до 17 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со слаб променлив ветер. Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 12 Целзиусови степени, Маврово 10, Охрид 12, Битола 11, Крива Паланка 13, Берово 12, Кавадарци 13, Дојран 17.

И утре времето ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Во утринските часови по одделни колтини ќе има услови за појава на слаба магла. Дневните температури ќе се движат од 12 до 21 степен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *