Сончево со мала до умерена облачност

Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска во земјава. Претпладне, според најавите на синоптичарите, можна е појава на магла по одделни котлини и речни долини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната од 10 до 17 степени.

Во Македонска Каменица времето сончево со умерена облачност. Минимална температура до 2 степени и максимална до 13 степени.

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини. Од четврток попладне веќе следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР.

Утрово во 7:00 часот најниски температури од -3 степени се измерени во скопски Петровец, Тетово и во Берово. Следат, Битола, Струмица и Демир Капија со -2, -1 во Штип и Попова Шапка, 0 Скопје Зајчев Рид, Прилеп, Крива Паланка, Лазарополе, 1 Претор, Куманово, 2 Виница, Маврови Анови, Крушево, 3 Охрид, 5 Гевгелија, Дојран, Дебар.

Како што информира УХМР, највисока снежна покривка од 27 сантиметри е измерена на Попова Шапка, а 7 во Маврови Анови. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *