Сончева и топла седмица е пред нас

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека попладне ќе има зголемување на облачноста, со услови за слаб локален дожд во западните планински предели. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 2 до 9, а мксималната од 18 до 25 Целзиусови степени.

Во Македонска Каменица, сончево, а попладне со умерена облачност и со умерен југоисточен ветер. Температурата во нашиот град ќе се движи во интервалот од 7 до 24 степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време, со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени. Во планинските подрачја кон крајот на работната недела ќе има услови за повремен дожд и ретки грмежи

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *