Сонот на Саса за трето место го однесе Брегалница

Вчера, на Градскиот стадион во Македонска Каменица, Саса го играше еден од најзначајните натпревари во последните десетина години. Победа против Брегалница ќе значеше задржување во игра за трето место до последното коло, а пласманот во Втора лига многу веројатен.

Но, Саса не изигра ништо и ја разочара публиката која беше дојдена да види квалитетна второлигашка екипа. Во првото полувреме речиси и да немаше шанса за гол, а потегот на мечот го направи Жежовски од делчевска Брегалница во вториот дел од натпреварот. Како „брз воз“ помина низ одбраната на Саса и го постигна единствениот гол на натпреварот. Домашните фудбалери се обидоа да притиснат и да се вратат во игра, но сите обиди за гол завршија неуспешно.

Имајќи предвид дека Осогово ја победи Плачковица и го осигура третото место, сонот за трето место кое сигурно води во Втора лига, остана само сон.

Одговорноста за овој неочекуван пораз Саса треба да ја побара во сопствените редови, затоа што вчера сите на стадионот во Каменица очекуваа победа и борба за Втора лига до последен момент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *