Советот на општина Македонска Каменица изгласа развоен Буџет за 2019 година

Македонска Каменица, 21.12.2018 година – Советот на општина Македонска Каменица, денес со почеток од 10:00 часот во Салата за состаноци ја одржа својата 15-та седница на која покрај останатите точки од дневниот ред се најде и предлог Буџетот на општината за 2019 година. Со 6 гласа за и 5 гласа против, после исцрпна дискусија помеѓу членовите на Советот беше изгласан Буџетот за 2019 година.

Буџетот на општина Македонска Каменица за 2019 година ќе изнесува 228.087.775 денари од кој планирани средства на основниот буџет се 144.612.775 денари, средства за самофинансирачки активности се во износ од 5.380.000 денари,планирани средства на сметка за блок дотација од 73.595.000 денари и планирани средства на сметката за донации се во износ од 4.500.000 денари.

Можеме слободно да кажеме дека општина Македонска Каменица за 2019 година има развоен Буџет, бидејќи наредната година Општината за капитални инвестиции ќе издвои средства кои изнесуваат 85.501.775 денари. Тоа значи дека во 2019 година општина Македонска Каменица ќе се насочи кон реализација на развојни програми за Изградба и реконструкција на локални улици; Изградба и реконструкција на локални патишта; Изградба и реконструкција на тротоари; Уредување на градежно земјиште на индустриска зона; Проекти за водоснабдување; Проекти за енергетска ефикасност; Уредување на речно корито,доградба на кеј и партерно уредување во градските средини. – изјави градоначалничката Соња Стаменкова.

Во Буџетот за 2019 гиодиан се предвидени и средства за невладини организации, спортски клубови, културно уметнички друштва, планирани се средства за исплата на еднократна парична помош, помош за новородени лица, стипендии и кредити за талентирани ученици . – додаде Стаменкова, градоначалничка на општина Македонска Каменица.

По завршувањето на Седницата на Советот на општина Македонска Каменица, кратка изјава за медиумите даде и претседателот на Советот, Иван Кузмановски во која нагласи дека Буџетот на општина Македонска Каменица за 2019 година е реално планиран, развоен и проектиран согласно насоките добиени од Министерството за финансии, како и согласно измените на Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа. Истакувајќи дека , Советниците од СДСМ и коалиционите партнери, како советничка група која е владеачко мнозинство во Советот на општината максимално ќе се заложат и посветено ќе работат во насока на реализација на Буџетот за 2019 година.

Линк до Дневниот ред од 15-та Седница на Совет на општина Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *