Сметководителите бараат тие, а не управителот да потпишуваат завршна сметка

21.XI.2017 kamenica.mk
Сметководителот, а не управителот да ја потпишува годишната сметка, бараат книговодителите. Велат дека досегашната пракса претставува кршење на Законот бидејќи таму точно пишува кој смее да става потпис.

Од друга страна бараат право да се потпишува,  да има само оној сметководител со полно работно време во една фирма. На тој начин според нив ќе се намали сивата економија во дејноста.

Измените на Законот за вршење на сметководствени работи се веќе во собраниска процедура. Но сметководителите се жалат дека МФ не ги консултирале. Сметководителите веќе половина година работат и  по нови повисоки цени,  но од Институтот велат дека допрва ќе проверуваат како тие влијаеле на работењето на фирмите.

Со новите законските одредби кои наскоро ќе се донесат Институтот ќе им ги реиздаде уверенијата на оние кои лани го испуштиле рокот, а дополнителни 6 месеци ќе имаат и оние кои не се впишале  во регистарот.

Вчера надлежните алармираа дека за 5 години земјава ќе остане без сметководители бидејќи повеќе од половина од нив за некоја година ќе се пензионираат. Нови кадри во секторот има се помалку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *