Слушнете ги “The Chicks” (Девојките) и нивното прво музичко видео – преработка на нумерата “Колку ми значиш” од групата Ареа

Сандра Јорданова, Наталија Мејанџиева и Моника Ѓорѓиева им се добро познати на македонската публика, благодарение на нивните настапи ширум цела Македонија, а ова трио познато како „Девојките“, или „Д чикс“ (The Chicks), деновиве го претстави и своето прво видео.

Станува збор за преработка на темата „Колку ми значиш“ од легендарната рок група „Ареа“, со која девојките сакаат да им се заблагодарат на своите верни фанови и да им кажат „колку им значи“ нивната поддршка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *