Славните „БАГЕРИ“ се враќаат на трибините во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 14 Април 2018 година – После подолг период навивачката група на ФК САСА повторно организирано се враќа на трибините од градскиот стадион во Макдонска Каменица. „Багери“ во пресрет на денешниот натпревар против водечката ФК Беласица – Струмица имаат собир во центарот на градот, од каде организирано ќе се упатат кон трибините од градскиот стадион во Македонска Каменица.

Оваа навивачка група има повеќе децениска историја, своевремено броеше и над 400 членови, а особено беше активна во 90-те години кога ФК САСА се натпреваруваше во Првата македонска лига. Интересот за фудбалот во Македонска Каменица се враќа на голема врата, откако САСА повторно заигра во Втората македонска лига.

Иако се наоѓа во долниот дел од табелата, во борба за опстанок, „Багерите“ ветуваат пеколна атмосфера на трибините и огромна подршка на своите миленици, фудбалерите на ФК САСА. Собирот на навивачите „Багери“ во „Школскиот двор“ е во 15:00 часот, а натпреварот помеѓу ФК Каменица САСА и ФК Беласица е со почеток од 16:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *