Серија разбојништва извршени се утринава на три бензински пумпи во Скопје, (на ул.„Перо Наков“ бб., на улица „Методија Андонов Ченто“ бб и пред село Арачиново) во периодот од 4.05 до 4.15 часот.
Во трите случаи две маскирани лица со закана од пиштол од вработените одзеле засега неутврдена сума пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителите.