Скопјанка нападната од љубовникот и оставена полугола

Скопјанката В.П. (52) вчера била нападната од нејзиниот поранешен љубовник и оставена полугола во близина на последната автобуска постојка во населбата „Железара“, според информации од Министерството за внатрешни работи. Жртвата, претходно била пресретната од нејзиниот поранешен пријател, со кого била во љубовна врска, кој со возило ја однел во населбата „Железара“, каде и го соблекол долниот дел од гардеробата, ја нападнал и ја оставил. Жената, која имала повреди на главата и на телото, потоа дошла на улицата „Аминта Трети“ со такси, по што случајот бил пријавен во полиција.  В.П. била пренесена во Ургентниот центар Скопје, каде што и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот, како и за целосно расчистување на случајот. 

извор: http://novamakedonija.com.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *