Скопјанка измамила пет штипјанки ветувајќи им вработување

img

Скопјанка заработила 1.500 евра ветувајќи лажни вработувања во Македонски Пошти
Петмина штипјанки останале без пари и работни места, откако биле измамени од скопјанка дека ќе ги вработи во Македонски Пошти, како шалтерски работнички.

Услугата во наводници на 40 годишната измамничка, која лажно се преставила како раководител на сектор во Македонски Пошти, чинела 1500 евра.

–      Пријавената во периодот од Декември 2016 до Август 2017 година со намера да се стекне со противправна  имотна корист, довела во заблуда пет лица од Штип, со лажно ветување дека ќе ги вработи како шалтерски работнички во нова Филијала на Македонски Пошти, што ќе се отвори во рамките на штипскиот Универзитет. Пред измамените се преставувала како раководител на сектор од Македонски Пошти. За вадење на потребните документи за вработувања од измамените им зела вкупно 93 илјади денари, изјави Гордана Панајотова – портпарол во СВР Штип.

Измамата е откриена , откако една од несудените поштенски работнички, се распрашала во Ректоратот на Универзитетот кога ќе биде отворена Филијалата на Македонски Пошти. По пријава на измамените, скопјанката заработи кривична пријава за сторено дело измама поради сторени соодветни пет кривични дела…
–      Истата е позната на полицијата поради претходно сторени вакви кривични дела измама, за кои против нејзе во Скопје, а сега и во Штип се поднесени кривични пријави до надлежните основни јавни обвинителства, посочи Панајотова.
Освен кривичните пријави, 40 годишната измамничка од Скопје, одлежала и затворска казна за соодветно сторено дело, дознава Канал пет од полициски извори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *