Син ја тужеше мајка си зошто објавувала негови слики на Фејсбук, одлуката на судот е хит

Една Италијанска се најде на суд откако ја тужеше 16-годишниот син, а сето поради фотографиите кои ги објавувала на социјалната мрежа Фејсбук.

Семејниот суд во Рим на една мајка и забрани да објавува фотографии од својот син, а ако тоа го прекрши и се заканува казна од 10.000 евра.

Имено, момче покрена тужба против својата мајка зошто на социјалните мрежи објавувала негови фотографии без негово знаење и согласност, а повеќете од тие фотографии таа не ги снимила.

Мајката на тинејџерот и таткото моментално се во фаза на развод на брак и тоа влијаело на неговата тужба. Мајката мора да ги избрише сите фотографии и други објави кои имаат врска со нејзиниот син.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *