Силен циклон доаѓа кон Македонија- олуен ветар и силни врнежи

26.XII.2017 kamenica.mk

Почнувајќи од ноќва кон утрешниот ден (вторник) ширум Балканскиот Полуостров полека временската состојба ќе се менува поради влијание на нов силен циклон па така ќе започне да дува ветер од јужен и од југозападен правец кој полека ќе засилува по интензитет па така веќе особено од среда и особено ноќта кон четврток на многу места на Балканот ќе дува силен јужен и југозападен ветер понекаде со ОЛУЈНИ удари и тоа со брзина од дури преку 100 км/час. Силен ветер ќе има во Хрватска, Босна и Херцеговина, должд Јадранот, Црна Гора и Србија а во четврток засилен ветер ќе има во нашата држава.

Ширум Балканот ќе има и врнежи кој ќе бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ на некои места проследени со локална нестабилност и појава на грмежи.

Се советуваат граѓаните на споменатите држави дека во ваква ситуација треба д абидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ што значи да внимаваат каде се движат а своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја. Од силен ветер ќе биде зафатена и Италија.

Да напоменеме дека поради ПОИНТЕНЗИВНИТЕ врнежи на некои места и локалната нестабилност не се исклучува можноста за поголемо количество на врнежи и поројни поплави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *