СЗО: Асимптоматските случаи ретко го шират корона вирус

СЗО излезе со најнови сознанија за потенцијалната опасност за јавното здравје од луѓето кои се инфицирани од коронавирусот, но немаат никакви симптоми.

„Луѓето кои немаат симптоми на новиот коронавирус ретко ја шират инфекцијата“, велиепидемиологот на Светската здравствена организација, Марија Ван Керх.

Според неа, ретки се случаите кога асимптоматските луѓе всушност го шират вирусот понатаму.

„Тоа на што ние сакаме натаму да се фокусираме е следењето на случаите со симптоми. Да ги следиме сите симптоматски случаи, затоа што знаеме дека ова е респираторен патоген. Се шири од човек на човек преку заразни капки. Ако всушност ги следиме сите случаи со симптоми, ги изолираме тие случаи, ги следиме контактите и ги ставаме во карантин, драстично ќе ги намалиме случаите“, додаде таа.

Некои луѓе, особено младите и здравите, кои се заразени од Ковид -19, всушност  и никогаш не развиваат симтоми или пак имаат многу благи симптоми. Според неа, владите треба да се фокусираат и ангажираат на пациенти со симптоми – да ги детектираат и изолираат, наспроти асимтоматските, кои не претставуваат опасност.

Ван Керх истакна дека СЗО добива извештаи од држави, што детално ги следат контактите на заразените, вклучително и асимптоматски случаии и тие држави не откриле дека пренесувањето продолжува со таквите случаи. Таа повтори дека вирусот се шири преку капки, што се ослободуваат кога некој кашла или кива.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *