Се укинува роамингот меѓу Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ

Од следната година, цените на услугите во роаминг во Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија ќе бидат изедначени со домашните. 
Агенциите за електронски комуникации на сите четири земји имаат веќе доставено нацрт договор до ресорните министерства за цените во роаминг во овие земји да се усогласат со цените во ЕУ.
Регулаторите, како што пишува црнорска „Побједа“ ги известиле ресорните министерства дека Бугарија веќе потпишала спогодба со Македонија за изедначување на цените во роаминг со домашниот сообраќај и најавила дека тоа ќе го бара и со останатите членки на спогодбата од 2014 година.
Регулаторите од четирите држави на состанок на крајот на ноември во Белград договориле усогласениот текст на нацрт спогодбата да го достават до ресорните министерства, за да се потпише нова спогодба.
Нацрт спогодбата е отворена за сите заинтересирани земји, а според информации на „Побједа“, досега се остварени неформални разговори со претставници на регулаторите и од Албанија, Хрватска и Турција за можно приклучување на спогодбата.
Од крајот на јуни годинава цените во раоаминг во Црна Гора, БиХ, Србија и Македонија се намалени на 19 центи за појдовни и пет цени за дојдовни повици.
Максималната цена на СМС пораката е шест центи, а услугата за пренос на податоците и ММС е 20 центи. Тоа е направено врз основа на спогодба за намалување на цените на услугите во роаминг во четирите земји од 2014 година./МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *