Се укинува забраната за продажба на алкохол после 19 часот

На денешната владина седница беше одлучен дека Министерството за економија во рок од два месеци треба да достави Предлог за изменување на законот за трговија за укинyвање на времето за продажба на алкохол и укинување на ограничувањето, односно забраната на продажба на алкохол во киосци, за кои ќе се издава лиценца, информираа од владината прес служба.

На седницата се донесе одлука делегацијата на Македонија да ја претстави Годишната национална програма за членство во НАТО за 2017-2018 година, со што официјално ќе започне 18-от циклус на Акциониот план за членство во НАТО, пред Комитетот на заменици постојани претставници на земјите членки во алијансата, на состанокот закажан за 11 декември 2017 година во Брисел.

Освен тоа, на денешната седница Павле Трајанов беше именуван за Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија.

Меѓу другото Владата ги задолжи Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за надворешни работи и другите надлежни институции во рок од три дена да достават предлог решение за испраќање хуманитарна помош кон регионите во Албанија кои се зафатени со поплавите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *