Се трага по малолетникот од Истибања кој падна во водите на Брегалница

14 годишно момче од виничкото село Истибање се удави во водите на река Брегалница. Портпаролот на СВР Штип, Горадана Панајотова за Телма потврдува дека несреќата се случила по 16 часот.

Момчето заедно со другари биле на риболов, но во критичниот момент влегло да се искапи, по што изчезнало во водата.

Потрагата по момчето е во тек, а се вклучени жители, пожарникари и полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *