Се тепале џудисти на државно првенство во Кочани. Морала да ги раздвојува полиција

Немил настан се случил во Кочани, каде државното екипно првенство во џудо било прекинато поради тензии откако неовластени лица влегле на теренот, соопшти МВР.

 

 

„На 12.12.2021 во 12.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека спортскиот настан – Државно екипно првенство во „Џудо“ на Република Северна Македонија организиран од џудо клубот „Гладијатор 2016“ од Кочани во спортската сала од Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани, поради нарушен јавен ред и мир и влегување на терен од неовластени лица каде се одвивавале борбите на спортисти од два клуба од Скопје бил прекинат и не се одржал до крај.

Се работи на целосно комплетирање и документирање на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за спречување насилство и недолично однесување на спортски натпревари, додаваат од МВР.

Извор: slobodenpecat.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *