Се сеќаваш ли на еден ден? – Се викаше 8-ми март!

Се заборави ли ВИСТИНСКОТО значење?

Вековното потчинување на жената, нејзиното обезвреднување и класифицирање во групата на граѓани од втор ред; без право на соодветно образование, без право на работа и учество во политичкиот живот, резултирало со значајна борба. Таа борба ќе донесе суштествени промени битни првенствено за „ослободувањето“ на жената и нејзината личност, а потоа и за воспоставување на „условно порамноправно“ пштество. Оваа борба особено се сврзува и симболизира со датумот 8-ми март, познат сега како Меѓународен ден на жената, но неговото суштинско значење лежи во првичната здобиена форма на името. Односно како Меѓународен ден на жените работнички или ден на меѓународна солидарност на жените во нивната борба за социјална, економска и политичка рамноправност. Како еден од најзначајните датуми во календарот на глобалното работничко движење, во кое жените го дале својот придонес за праведно општество. На кој сите работници независно на пол, раса, боја, верување се свествуваат за потребата од една заедничка битка.

За жал денеска, овој ден е целосно мејнстримизиран и изместен од коренот на своето првенствено значење, така што се поистоветува со денот на мајката, саканата, денот на вљубените. Проследен со патувања, подароци, без да се знае вистинската причина за сето тоа; што инаку целосно се вклопува во конзумеристичкиот дух на воспоставениот систем и овозможува негово егзистирање. Па наместо синоним за борба, признавање, успех, победа, стана синоним за прослава на постоењето на жената. Што пак од друга страна ги подгрева сексистичките апетити, пролонгирајки ја и одржувајќи ја војната меѓу родовите.

Авторка:
Дијана Бојковска – активист на ДСП Ленка

преземено од: http://lenka.mk/

оригинален текст: http://lenka.mk/1438/8-mi-mart-dijana-bojkovska/#.WL_I8jnw9mX

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *