Се преврте македонски автобус кај Лесковац, тројца загинати

Лесковац, 16.12.2018 година – Автобус кој патувал од Скопје кон Белград се превртел на автопатот кај Лесковац во Србија, при што загинале најмалку три лица, а 30 се повредени.

Тешката сообраќајна несреќа, според РТС, се случила откако возачот не успеал да воспостави контрола на лизгавиот автопат. Според некои српски медиуми, станува збор за прилепски автобус кој патувал кон Виена.

Сообраќајната несреќа се случила во 1 часот и 40  минути по полноќ.

Екипи на брза помош од Лесковац и Ниш пристигнале на местото на несреќата. Повредените патници се пренесени во болниците во овие два града, а сите повредени, од кои некои потешко, се надвор од животна опсаност.

Директорот на Заводот за итна медицинска помош од Ниш, Славољуб Живадиновиќ, од местото на несреќата, заедно со медицинските тимови изјави:

-Повредените во сообраќајката се згрижени и префрлени во Клиничкиот центар во Ниш за рекордно време, земајќи ги пред вид неповолните временски услови со снег. Во спасувачката акција ноќва првпат беше употребено новото возило „мерцедес“ со најсовремена медицинска опрема, рече Живадиновиќ.

Полицијата врши увид за причината за несреќата, дали возачот задремал или излетал од патот од други причини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *