Се поголем број медиуми се интересираат за успесите на малата Елвира од Македонска Каменица

Приказната за малото девојче од Македонска Каменица, вратено пред две години од големата Русија вече ги освои срцата на сите во градот. Убавата приказна за нејзините успеси се шири и понатаму, во целиот регион и пошироко надвор од границите на државата. Погледнете го прилогот подготвен од штипската регионална телевизија СтарТв во кој се зборува како за успесите на единаесет-годишната Елвира Јангеловска, така и за тешките услови и начинот на кој нејзините родители изнаоѓаат решенија за нејзини тренинзи по ритмичка гимнастика. Се надеваме дека во најскоро време ќе бидат обезбедени елементарни услови за тренинзи во нашиот град, како и уште многу забележани успеси од младиот талент, бисерот на нашиот град малата Елвира.

Македоска Каменица ја има својата „газела“ во ритмичка гимнастика. Малата Елвира има само 11 години и за  само десетина дена освои два златни медала на турнири во Ниш и Благоевград:

  • Сум учествувала со Србија, во Бугарија и во Русија. најдобра сум во вежбање со јаже, кажа малата Елвира Јангеловска.

Елвира во Македонска Каменица дошла од Русија, каде до неодамна живеела со своето семејство. Нејзината витрина ја красат триесетина медали од натпревари главно во Русија, но во последната година и од балкански натпревари.

Целиот прилог можете да го погледнете тука

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *