Се одржа општинскиот натпревар “Млади Библиотекари”

Денеска, во просториите на библиотеката „Крсте Петков Мисирков“ во Македонска Каменица, клон на ЈЛБ “Илинден” Делчево, со почеток од 12:00 часот се одржа општинскиот натпревар „Млади Библиотекари“.

Учество во натпреварот, како што стои во соопштението за јавност, земаа учениците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица, истовремено редовни читатели и членови на библиотеката „Крсте Петков Мисирков“.

На прашалникот од 20 прашања, со времетрање од 45 минути за одговарање на истите, најмногу поени освои Јана Димитровска (70 поени). Со ова, Јана Димитровска обезбеди пласман на држаниот натпревар „Млади Библиотекари“, – стои во продолжението од текстот, во кој се наведува дека Организатор на државниот натпревар “Млади Библиотекари” е Библиотекарското здружение на Македонија. Годинава, натпреварот ќе се одржи на 20-ти мај во НУУБ “Григор Прличев” во Охрид”.

Од библиотеката “Крсте Петков Мисирков” упатуваат благодарност до учениците учесници на натпреварот, а на Јана Димитровска и посакуваат успех на државниот натпревар во Охрид.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *