СЕ ОДРЖА НОВОГОДИШНИОТ ХУМАНИТАРЕН БАЗАР ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

 

Македонска Каменица, 28.12.2018 година – Денес, во училишниот двор на средното училиште, а во организација на СОУ „Миле Јаневски Џингар“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, со активна вклученост на лицата од Здружението „Порака“ – Македонска Каменица, се одржа хуманитарен новогодишен базар. Големиот број новогодишни украси, честитки, храна и реквизити се продаваа по симболични цени, а собраните средства ќе бидат донирани за лицата со посебни потреби и за реализација на мерки за нивна целосна интеграција во општествениот живот. Новогодишната програма продолжи во Домот на култура каде со свои точки, пред присутните родители, наставници и поканети гости се претставија учениците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“.

Исто така со почеток од 09:00 часот, во просториите на детската градинка „Бамби“ се одржа хуманитарен новогодишен базар со храна приготвена од вработените во установата. Заради временските услови и ниските надворешни температури, Базарот се одржа во холот од детската градинка.

На базарот во школскиот двор организиран од училиштата во Македонска Каменица и на новогодишниот базар со храна во детската градинка Бамби, присуствуваше и градоночалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, како и генералниот директор на Рудник „Саса“, Олег Телној. Присуството го искористија за пригодно на учениците им доделат новогодишини пакетчиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *