Се оддржа традиционалната „Ловечка вечер“ во Македонска Каменица

Во саботата (11 февруари 2017 година), во ресторан „Саса“, во Македонска Каменица се оддржа традиционалната „Ловечка вечер“. Организатор беше Ловното друштво „М.Каменица-Саса“, а присутните можеа да уживаат во неколкучасовната забава со Даниела Темелкова и Актив бенд.

Главната награда на лотаријата, ловечката пушка, се падна кај градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, кој веднаш ја донираше за Ловното друштво.

Од Л.Д. „М.Каменица-Саса“ му се заблагодарија на градоначалникот, а новата ловечка пушка ќе биде користена за потребите на ловочуварската служба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *