Се оддржаа спортските игри од хуманитарен карактер во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица

Денес, по повод претстојниот празник 8-ми Март – Меѓународен ден на жената, се оддржаа спортски игри во организација на ООУ “Св. Кирил и Методиј” – Македонска Каменица. Спортските игри и изведените гимнастички точки, во кои учествуваа дечињата од прво до петто одделение се од хуманитарен карактер. На овој одлично организиран настан, присуствуваше и се обрати до присутните и градоначалникот на Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

Стаменкова, најпрвин го искажа своето задоволство и чест да се присуствува на еден ваков величенствен настан од хуманитарен карактер, по повод Денот на жената и мајката. Се заблагодари во свое име и во име на општина Македонска Каменица на поканата за присуство на ова емотивно уживање приредено од дечињата. Ја искористи приликата пред присутните во преполната спортска сала, да им го честита утрешниот празник на сите свои сограѓанки, жени и мајки од Македонска Каменица. Во ова кратко обраќање градоначалникот Соња Стаменкова го изрази својот став, како жена и градоначалник, дека жената е клучен столб и двигател во процесите од современото општество. Жените можеби се понежен, но секако дека се посилен пол од мажите, додавајќи дека “жените кои бараат рамноправност со мажите, всушност имаат недостаток од амбиција” – додаде градоначалникот Стаменкова.

Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова во оваа прилика го најави реновирањето на спортската сала и основното училиште, “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица. Како дел од својата програма за работа, потребите и ветувањата дадени пред граѓаните на Македонска Каменица во изминатиот период.

Средствата собрани од денешниот спортско – хуманитарен настан, се наменети за дел од социјално загрозените ученици при училиштето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *