Се бара помош за гаснење на пожарот во делчевско Тработивиште

Пожарот кој денес околу 13 часот го зафати атарот над село Тработивиште се уште е активен. Левата страна од патот Делчево Пехчево над селото Тработивиште е моменталното место каде беснее пожарот.
Во моментот во гаснењето учествуваат екипи на ТППЕ Делчево и мештаните. Пожарникарите за дотур на вода ги користат блсиките вили кои се во опасност од огнената стихија која се повеќе се приближува до нив. Ситуацијата е алармантна и потребна е помош за побргу да се локализира огнената стихија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *