Семинар за претприемаштво и роботика во Делчево

Во Делчево се одржува првиот Семинар за претприеништво и роботика на која учество зедоа 220 ученици од општините Делчево, Берово, Пехчево, М.Каменица и Струмица. Еминентни предавачи од областа на дигиталната технологија на младите информатичари им ја открија тајната на презентациите, иднината на криптовалутите, роботиката и пријателите за подобра иднина, се демонстрираа 3д-печатачите, а се реализираше и натпревар по роботика, а најдобрите ќе добијат и медали како симболична награда.
Семинарот за роботика е во организација на Фондацијата „Бугарско сеќавање“ со поддршка на Општина Делчево.


Живко Костуров проектен менаџер во Фондацијата „Бугарско сеќавање“ истакна дека во последните 11 години на семинарите се анимирале 7000 млади од Бугарија, Македонија, Украина, Србија, Молдавија, а целта е младите да добијат нови познавања за технологијата на иднината.
– На Семинарот учествуваат еминентни предавачи кои ќе ги презентираат новите технологии. Целта е да се запознаат со професиите на иднитата, бидејќи ова е генерација на дигиталната технологија и многу добро е да добијат познавања за новостите во оваа област. Посебно с ерадувам што интересот кај младите од пограничниот регион е доста голем што го покажува и присуството на над 200 ученици од неколку општини од регионот, рече Костуров. Со овој настан кој е и своевиден натпревар на знаења за технологијата на иднината, Делчево го сместуваме во семејството на градови кои се грижат и вложуваат во иднината на младите и сакаат да ја промовираат иднината на напредната технологија.
-Јас како градоначалник, се заложувам младите да добијат поголеми познавања на полето на роботиката и дигиталната технологија и мојата интенција е да се прошират познавањата и да се разбуди интересот за роботиката кај младите. Пораката од денешниот настен е дека дигиталните компетенции се клучни за професиите на иднината и наш приоритет. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на иницијаторот и организаторот на овој настан Фондацијата „Бугарско сеќавање“ и д-р Милен Врабевски кои преку Програмата за трансгранично пријателство меѓу Македонија и Бугарија, го донесоа дигиталниот свет во Делчево.
Соработката меѓу Општина Делчево и Фонадацијата „Бугарско сеќавање“ на д-р Милен Врабевски, посебно во делот на образованието, овозможува надградување на капацитетите на учениците во делот на информатичките технологии и продлабочување на соработката на образовните институции од двете страни на границата. Неодамна околу 60 млади од Македонија од општините Делчево, Пехчево, Берово, Македонска Каменица и Виница, учествуваа на дводневната образовна екскурзија која се реализира во Благоевград, соседна Бугарија, делчевски средношколци учествуваа и на интерактивен семинар по роботика и дигитална технологија кој се одржа во Струмица.
Проектот е дел од долгогодишните инвестиции на д-р Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“ за професионални и образовни перспективи за зближување на населението од двете страни на границата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *