Семејството на починатиот матурант од Кочани ќе си ги добие парите назад од пејачот Лабунски

По огромниот притисок од јавноста, пејачот Лабунски ќе ги врати парите на семејството на починатиот матураат од Кочани. Ова, го изјави самиот Лабунски во студио на национална телевизија:

  • Јас им напишав порака дека тие пари ќе бидат вратени, само не сум во можност, стрпете се, ќе ви ги вратам, изјави Адам Лабунски

На прашањето зошто тоа не го сторил во моментот откако дознал дека несреќниот матурант од Кочани почина на само неколку дена од матурската прослава, Лабунски со образложение:

  • Мислам дека му споменав на таткото на матурантот, дека ќе се договориме околу тоа кога ќе се вратат. Не кажав дека нема да се вратат парите. Имав трошоци за операцијата на татко ми, затоа им реков кога ќе бидам во можност ќе им ги вратам, објасни Лабунски.

Одлуката на Адам Лабунски дека нема да ги врати парите предизвика огромни негативни реакции на социјалните мрежи. Револтираните граѓани не бираа зборови на осуда и веројатно освен по добрите изведби, Лабунски ќе биде запаметен и по првично лошо донесената одлука.

Иако одлуката е задоцнета, уверува дека сепак во овој млад уметник честа и моралот проговориле.

Роителите на матурантото од Кочани случајот не сакаа јавно да го коментираат.

Извор: ТВСТАР-ШТИП

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *