Секој работник заслужува фер плата

Секој работник заслужува фер плата

Без оглед на професијата со која се занимава, секој вработен треба да заработува онолку колку што заслужува!

Работодавците премногу често се потпираат на претпоставки кога одлучуваат за тоа колку треба да ги платат своите вработени. Тоа може да предизвика скапи проблеми, особено затоа што компензацијата сочинува огромен процент од трошоците на компанијата.

Исто така, ризикувате да имате значителна нееднаквост во платите на вработените и да страдате од последиците на нивното незадоволство.

“Доста често има многу простор за подобрување”, вели Ирина Лиз, консултант за управување со човечки ресурси во BDC. “Откако вработените ќе се уверат дека секој е платен онолку колку што заслужува, парите повеќе не се проблем“, вели таа.

Од друга страна, пак, доколку вработените сметаат дека се платени премалку, порано или подоцна, тие ќе си заминат од вашата компанија.

Еве неколку совети за тоа како да одредите фер плата за секој вработен

Направете детален опис на работното место

Платата треба да го одрази нивото на вештините, искуството, квалификациите и одговорностите потребни за одредена позиција. Ако немате јасна претстава за тоа што се ќе треба да работи вашиот вработен, ќе имате потешкотии во одредувањето на неговата фер плата.

Репер

Утврдувањето на фер плата не е воопшто лесна задача. Треба да ги погледнете факторите како што се барањата на работата, платите во вашата индустрија, големината на вашата компанија и вашата географска локација.

Креирајте структура на плата

Голем број претприемачи ја прават истата грешка реагирајќи на она што го бараат вработените, без јасна претстава за тоа колкава плата треба да исплаќа нивната компанија. Платните размери и бонусната структура за сите работни места го олеснуваат решавањето на прашањето за плата и воспоставуваат чувство на правичност.

Размислете за вкупна компензација

Лиз ги советува компаниите да ја разгледаат и комуницираат вкупната вредност на сите надоместоци кои им ги нудат на вработените – вклучувајќи ги стимулациите, придобивките и другите награди – при утврдување на платата за фер плаќање на секоја позиција. Размислете за стимулации кои ги наградуваат вработените врз основа на индивидуалните и тимските резултати.

Бидете реални

Ако барате кандидат со 3 години искуство, не барајте некој кој има 10 години работно искуство, а притоа да му нудите плата како за кандидат со 1 година работно искуство.

Сакате да ја дознаете реалната плата која одговара на вашата позиција? Пополнете го краткиот прашалники добијте бесплатна анализа за вашата плата!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *