Седум утрински навики кои ви го “убиваат” денот

1.Snooze копчето

Многу е лесно и достапно да се притисне копчето ‘snooze’. Тоа е едно од омилените копчиња наутро оти добивате лажна надеж за продолжено време. Притискањето всушност може да биде опасно по здравјето бидејќи ќе го започнете денот под стрес. За да не мора да си го правите ова себеси, треба да знаете дека има специјални аларми кои емитуваат светлина наместо звук и помагаат да се разбудите полека и безболно.

2.Проверување на телефонот веднаш штом отворите очи

 Знаеме дека читањето вести пред заспивање не е добро, но по се изгледа дека ниту праксата тоа да се прави при првото отворање на очите исто така не влијае добро. Истражувања покажале дека луѓето кои проверуваат меилови наутро се подложни на стрес многу повеќе отколку тие што ги проверуваат повеќе пати во текот на денот.

3.Прескокнувате вежбање

Утринското вежбање може да направи многу за вашето тело. Луѓето кои вежбаат наутро имаат регулиран крвен притисок. Иако тоа бара да станете порано утрото, сепак бенефитот е поголем отколку да поспиете уште 15-тина минути.

4.Долго туширање со жешка вода

Да, да. Најдобриот дел од утрото исто така лошо влијае на вашето здравје. Ова може да доведе до сушење на кожата и нејзина иритација. Подобро е да се туширате со млака вода што исто така ќе ве разбуди и ќе ве освежи.

5.Појадок преполн со јаглехидрати

Крофните и кифлите се превкусни. Но, појадок преполн со јаглехидрати и шеќер може да наполни со енергија на почеток, а подоцна да ве остави на нула енергија. Затоа треба да имате балансиран појадок и да ја зачувате енргијата до ручек.

6.Ако прескокнувате појадок

Оваа варијанта не е воопшто препорачлива оти никако не смеете да прескокнете појадок. Тоа ќе го зголеми апетитот во текот на денот, ќе бидете изгладнети. Aко немате време за целосен оброк наутро, поделете го во неколку мали појадоци.

7.Ако не се тегнете после спиење

Навечер телото е во разни позиции додека спиете, а кога ќе се разбудите се чувствувате згрчени. Затоа пред целосно да се разбудите, истегнете се убаво, раздвижете се, размрдајте ги рацете и нозете за да имате подобра циркулација во тие делови.

Извор: hybread.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *