СЕДУМ СОСТОЈКИ СО КОИ ПЕРЕЊЕТО АЛИШТА Е ПЕСНА!

Постојат ситуации во кои прашокот за перење не е доволен за отстранување на тврдокорните дамки, но одредени состојки кои сигурно ги имате дома можат да бидат од голема помош.

1. Лимонов сок

Освен за подготовка на вкусна лимонада, сокот од лимон е супер состојка која можете да ја додадете во алиштата за да ги избели. Сепак, внимавајте и пробајте го овој трик само на светла или бела облека, за да не дојде до несакано избледување на силните бои на алиштата. Додавањето на лимоновиот сок овозможува свежи алишта, а супер сојузник е и во отстранување на дамките од ‘рѓа.

2. Сол

Солта сама по себе не е доволна како средство за перење алишта, но може да помогне во отстранувањето на одредени видови на дамки. Како треба да се користи солта, зависи од типот на дамки. Облеки со дамки од крв на пример, треба да се потопат во ладна вода со сол. Од друга страна пак, дамките од маснотии треба да се покријат со сол, да се остави солта да се впие и потоа да се исчетка со четка пред да се испере.

3. Сода бикарбона

Сода бикарбоната има навистина многу примени. Една од нив е и во перењето. Таа е природен, економичен, и сигурен засилувач кој може да се додаде во прашокот за да делува подобро. Едноставно,може да се стават 1 или 2 шолји сода бикарбона во перењето, пред да се додаде детергентот за перење.

4. Вода за плакнење на устата

Дали сакате чорапите да имаат пријатен и освежувачки мирис? Тогаш, при нивното перење треба да се додаде мала шолја вода за плакнење на уста, без шеќер. Односно пола шолја ако програмата е наместена само на плакнење.

5. Оцет

Веќе знаеме дека со оцетот можеме да ги исчистиме апаратите за домаќинство, како и тоалетот, а сега е вистинско време да видиме и како можеме да го искористиме при перење на алишта. Особено добро делува ако се искористи при брзо плакнење бидејќи ги отстранува остатокот на прашок и останатите работи, како на самата облека, така и на машината за перење. Доволно ќе биде половина шолја за перење.

6. Етерични масла

Етеричните масла помагаат во борба против бактериите и габите. Додадете неколку капки од вашето омилено етерично масло во прашокот , за да го спречите создавањето на габички и да направите прекрасен мирис за алиштата.

7. Средство за миење садови

На масните дамки на облеката нанесете неколку капки од средството за миење садови и потоа облеката ставете ја за перење, Со помош на прашокот за перење дамката ќе се отстрани поуспешно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *