Седум години по упадот на полицијата во А1 Телевизија (Видео)

24.XI.2017 kamenica.mk

Пред седум години, на 25 ноември 2010 година се случи првиот удар врз најгледаната телевизија во независна Македонија, А1 телевизија.

А1 Телевизија е под полициска опсада. Полициски возила и џипови, доцна попладнево ја блокираа телевизијата. Сите новинари на А1 и снимателите, се оневозможени да работат и забранета им е слободата на движење. Припадниците на полицијата се се уште пред вратата на А1 Телевизија. Останете со нас вечерва …“ – известуваше таа вечер на 25 ноември 2010-та година, најгледаната телевизија.

Тогашниот премиер Никола Груевски ги повика „сите граѓани на РМ, информациите кои доаѓаат од А1 телевизија и од весниците Време, Шпиц и Коха е Ре да ги земаат со сериозна резерва“.

Тоа беше почетокот на голготата која резултираше со затворање на сопственикот на телевизијата, Велија Рамковски, неколку членови на неговото семејство вклучувајќи ја и неговата ќерка Емел Рамковска, како и уште неколкумуна управители на фирми, негови најблиски соработници, а седум месеци подоцна и на телевизијата, која како што тогаш се тврдеше, не била цел на нападите.

Денес од А1 останаа само спомените и многуте видеа за и против А1 на Јутјуб што сведочат за нејзината моќ.

Извор: НоваТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *