Сега што е изговор? Карти за “стотче”, а стадионот празен!

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18:30 игра пријателски натпревар против Норвешка. За тие што не знаат. Картите за овој меч беа 100 и 150 денари.

Годинава македонската публика уживаше во одличните игри на избраниците на Мрме кои имаат година за паметење со само еден пораз (од велесилата Шпанија), се радуваа на историскиот успех на момците на Благоја Милевски кои стигнаа до Европско, а на тоа мора да се напомене и екстра жешкото со Вардар и Шкендија.

Првите стигнаа до историја за која скопската публика сонуваше со децении, а вторите го донесоа Милан во Скопје. Плус денеска имавме уште една причина за гордеење.

Несфатливо е како може во една ваква историска фудбалска година, нација која сака фудбал, скроз да го игнорира пријателскиот меч меѓу земјата за која навива и Норвешка. Па на Македонија – Андора кога беше -20 имаше повеќе публика.

Ниту Норвешка e Гибралтар, а ниту картите се 600 денари. 100-че и 150-че. Најпопуларна цена што може да повтори. Па во кафана да ја гледате ќе ви излезе поскапо.

Градски е убав стадион и можеби меѓу најубавите на Балканот, ама нема кој да го наполни, освен кога се игра Супер Куп на Европа. Тогаш сите аплицираа. И тие што појма немаат што е офсајд.

Извор: ОффНет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *