#СегаКажувам, #TashTregoj – Kампања за подигнување на свеста за сексуалното вознемирување

Важноста да се проговори без оглед на тоа кога сме ја собрале храброста или сме ја имале можноста да го направиме тоа е целта на оваа иницијатива,велат организаторите. Широк е спектарот на сексуално насилство, посебно во најранливите групи во кои е многу тешко да се докаже вина на сторителот и во ситуации во кои низ секојдневниот говор се манифестира сексуално вознемирување.

„И особено во мала средина многу е тешко да се издвојат сторителите, затоа што сите на некој начин се поврзани со сите па решивме на ваков еден начин да покажеме колку е нормализирано и секојдневно овој тип на насилство“, кажа Ана Василева, феминистка и активист.

„Да укажеме на системски проблем. Да покажеме дека девојчињата во училиште, студентките на факултет, нашите колешки на работните места се ранливи на сексуално вознемирување од страна на некој што доаѓа од повисока позиција на моќ и овде на некој начин ни се врзани рацете“, кажа Ирена Цветковиќ, феминистка и активист.

За многумина постои дилемата зошто да не се именуваат сторителите.

„Прво е многу тешко да се докаже вината, второ уште поретко жртвите се решаваат да влезат во тоа и немаат ниту средства ниту енергија да влезат во правна постапка што би следувала, трето дел од тие микроагресии не ни повикуваат на правна разрешница. Едноставно сакаме да освестиме колку се застапени“, додаде Ана Василева, феминистка и активист.

Јавното споделувања искуства со сексуално вознемирување се подложни на мноштво дисквалификации, што беше случај и на глобално ниво, но тоа нема да не спречи и понатаму во нашата борба со сексуалното насилство за кое малкумина се свесни и неподготвени да се соочат со истото во нашето секојдневие сметаат Василева и Цветковиќ.

Нина Стефанова ВЕСТИ-TELMA

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *