СЕВЕРНА КОРЕЈА ИСТРЕЛА НОВА РАКЕТА

Северна Кореја лансирала балистичка ракета од Пјонгјанг во правец на исток, соопшти војската на соседната Јужна Кореја. Ракетата била лансирана од квартот Сунан во Пјонгјанг.

Јапонија објави дека ракетата минала преку теротиријата на таа земја и дека паднала во водите на Тихиот океан.

Јапонската телевизија НХК ги предупреди жителите на Хокаидо и Тохок да најдат засолниште откако проектилот ја прелета Јапонија, односно го прелетар просторот во близина на островот Хокаидо во 7:06 часа според локално време.

Според податоците на јужнокоејската војска ракетата паднала во Тихиот океан на 2.000 километри источно од Хокаидо, што значи дека ракетата прелетала 3.700 километри.

Инаку од Пјонгјанг до островот Гуам, американска територија во Тихиот океан, има околу 3.400 километри. Северна Кореја претходно се закани дека нејзина цел ќе биде овој остров.

Јужна Кореја и САД ги анализираат деталите но сеуште не е познато каков тим на ракета лансирала Северна Кореја.

Минатиот месец кога Северна Кореја лансира ракета која ја прелета територијата на Јапонија, Токио потегот го нарече „закана без преседан“.

Новото тестирање веројатно е одговор на воените вежби кои Јужна Кореја ги организира во Јапонското море.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *