СВР Штип: Уапсени тројца дилери на марихуана

Против три лица со привремен престој во Штип е поднесена кривична пријава под сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претресот во куќата во која престојувал еден од осомничените, на улицата Стујеска во Штип, пронајдени се и одземени 1.340 грама марихуна, спакувана во неколку најлонски ќеси.

Според полицијата пријавените имале намера да ја продаваат марихуната. Станува збор за 22-годишен Кумановчанец со иницијали С.С., за 23-годишниот Д.Д. од с.Кучичино, општина Чешиново Облешево, и 21-годишниот Т.Ш. од Велес.

„Според документираните сознанија на истрагата, пријавените откако претходно се договориле неовластено – заради продажба – да набават поголема количина на опојна дрога марихуана, завчера (14.11.) С.С. и Д.Д. со патничко возило “Волксфаген Венто“ со штипски регистарски таблици, управувано од И.В.(29) од Штип, заминале во Куманово. Таму од непознато лице купиле поголема количина на опојна дрога марихуана, по што ја пренеле марихуаната во Штип, односно во куќа на ул.“Сутјеска“ каде што како потстанар живеел третопријавениот Т.Ш.“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Од таму додаваат дека од страна на судија на претходна постапка на пријавените одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *