СВР Штип: Приведен наркозависник преку полициски мегафон барал дрога

Наркозависник од Штип, преку полициски мегафон барал дрога. Станува збор за мегафон инсталиран во просторијата за задржување на приведени лица во Штип. Преку него, наркозависникот на возраст од 20 години, се јавил во дежурната служба и пријавил дека поради потреба за наркотични средства ќе го искрши стаклото од прозорот за осветлување  во просторијата, по што за кратко заканата и ја исполнил. Поголеми последици спречиле полицајците кои приведениот го смириле.

Инаку, во полиција, наркозависникот завршил, откако е идентификуван како одговорен за 13 кражби направени во Штип:

  • Од куќи, викандици и дуќани, со разбивање на вратите и прозорците украдени се многу предмети, ќебиња, телевизори, лап топ компјутери, мобилни, во вкупна вредност од околу 660.000 денари, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Осомничениот е со многу дебело криминално досие и тој во полицијата и затворите е често присутен. Поради опасност од повторување на делото, тој повторно е зад решетки, овој пат во 30 дневен притвор.

Кражбите на наркозависникот, се само дел од кривилните дела кои полицијата деновиве ги расветли:

  • Расветлени се 29 кривични дела и поднесени се пријави против 36 лица од кои две малолетни, кажа Панајотова.

Добра вест е што повеќето од украдените предмети се пронајдени и вратени на сторителите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *