СВР Штип: Кочанчанка дала златен накит за лекување, па сфатила дека е измамена

На 26.01.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Кочани, (35-годишна жителка на кочанско село) пријавила дека на 24.01.2022 година, околу 17.00 часот, кај Градскиот базен  во Штип, била измамена од едно женско лице.

Според пријавеното, таа била доведена во заблуда дека лицето може да ја излекува доколку ѝ даде златен накит. Пријавителката ѝ дала златен накит, но откако не можела да стапи во контакт со лицето, сфатила дека била измамена. Се работи на расчистување на случајот.

Извор: Дневен Билтен на МВР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *