СВЕТ: Во близина на градот Виница (Украина) гори најголемиот воен магацин за оружје и муниција (Видео)

Во Украина, во селото Калиновка, во близина на градот Виница, гори магацин за оружје и муниција. Полицијата започна со евакуација на жителите на околните села.

Засега едно лице било повредено, а 24.000 луѓе биле евакуирани.

Во магацинот кај селото Калиновка, кој се простира на 60 хектари, има 188.000 парчиња муниција.

Според портпаролот на националната полиција Јарослав Тракало, полицијата примила повик во вторникот околу 22 часот, дка од магацинот се слушаат експлозии.

„Подоцна ни стана јасно дека експлодираат артилерски гранати во магацинот. Полицијата заедно сос спасувачките екипи ги евакуира луѓето од соседните села“, изјавил Тракало за „Украинска Правда“.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *