СВЕТСКИ РЕКОРД: СЕ РАЗВЕЛЕ ПО САМО 3 МИНУТИ БРАК!

Пар од Кувајт се развеле по само три минути брак. Иако таа постапка предизвикала чудење, корисниците на социјалните мрежи го поддржале брзиот развод откако веста се проширила на интернет. Медиумите веруваат дека ова е најкраткиот брак во историјата на Кувајт бидејќи парот се развеле пред да го напуштат матичарот.

Мажот и жената по церемонијата размениле бакнежи, а потоа невестата на излегувањето се сопнала и паднала. Новопечениот сопруг поради тоа ја нарекол глупава и се изнасмеал, а тоа кај неа предизвикало огромен бес. Жената веднаш побарала од матичарот да го поништи бракот кој траел три минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *