Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” со известување до своите верници Христијани од Македонска Каменица

31.Март 2017 Македонска Каменица

(www.kamenica.mk)

Фото: Драган Костовски

Им соопштуваме на сите православни Христијани од општина Македонска Каменица дека на 2 Април 2017 година во недела, ќе се одржи Света Архиерејска Литургија во храмот Св. Успение на Пресвета Богородица во која ќе чиноначалствува Митрополитот Брегалнички г-дин Отец Иларион. По тој повод Ве повикуваме достојно и во духот на христијанството да го пречекаме нашиот владика и по молитвите негови Бог да не помилува, а сите што постеле и се исповедале да примат благослов од Отецот.

Сите православни верници можат да ги донесат и своите деца до седум години да бидат причестени од свештенството во храмот

Христос помеѓу нас!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *