Светиот крст во Каменица заврши во рацете на Климе Илиев (Фотогалерија)

Македонска Каменица, 19.01.2019 година – Климе Илиев го извади Светиот крст, кој по повод празникот Богојавление-Водици беше спуштен во водите на Каменичка Река. Годинава, по Светиот крст во Македонска Каменица скокаа 24 пријавени учесници, меѓу кои Климе годинава беше најсреќен.

Градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова на Климе Илиев му врачи скромен подарок и му посака година исполнета со многу успеси, среќа и благосостојба на него и на сите жители во општината.

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Богојавление или Водици е христијански празник кој се слави на денот на кој, според преданието од христијанската религија, Св. Јован Крстител го покрстил Исус Христос во реката Јордан.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *